Германската манекенка Хајди Клум се сомнева дека е заразена со коронавирус.
Клум во видео снимка објавена на Инстаграм вели дека се разболела на снимањето на емисијата “Јас имам талент”, во која е еден од членовите на жирито.
“Чувствував дека имам температура, ми беше студено и ми течеше нос. Останав дома да не ги заразам другите луѓе. Водете сметка и останете дома ако не се чувствувате добро”, вели манекенката.
Хајди пред неколку часа повторно се огласи на својот Инсатграм преку видео на кое со нејзиниот сопруг се бакнуваат преку стаклото на прозорецот. Таа сега појаснува дека и нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулик (29) кој се вратил од турнеја, се чувствува болен.
Хајди појаснува дека заради нивната безбедност, а и на опкружувањето решиле засебно да се излираат. Биле тестирани за корнавирус, а резултатите ги очекуваат во текот на денот.
View this post on Instagram