Трап, хипхоп, аренби и регетон дуото составено од Марио Јелиќ – Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски – Тонито (артист и текстописец), или обајцата познати како „2 Бона“ песните ги „штанцаат“ како на фабричка лента.
Имено, дуото кое на македонската музичка сцена донесе вистинско освежување и еден поинаков звук повторно во етерот исфрли нова песна. Не поминаа ни 2 месеци откако ги покажаа нивните „Пиштоли и рози“, а „2 Бона“ веќе имаат нов музички адут, нов „Џокер“.
Имено, така се вика нивната нова тема во која остануваат доследни и на стилот и на правецот и жанрот… И во музиката, стиховите, па и во видеото, во кое овој пат нема ни разголени старлети, ниту цицлести стриптизети, икао темата на „андерграунд животот од онаа страна“ и понатамму е присутен како лајт мотив.
Такава е и песната на која како автори (музика и текст) се потпишуваат самите Кун и Тонито, аранжманот, миксот и мастерот, стандардно се на Иван Иванов – Ивајо, кому овој пат во продуцентската работа му асистирал Кун.
Видеото пак го потпипшува една сериозна белградска профи екипа собрана под името: „НН Медиа“ (видеопродукција), каде сценариото, режијата и камерата се на Немања Новаковиќ, а продуцент е Алесксандар Пејчиќ, додека зад целокупниот проект стои извршната продукција „Bassivity Digital“.
Целата приказна е всушност дел од проектот „Јужен ветер“, мегапопуларната српска серија работена според сценариото од истоимениот филм со Милош Биковиќ и Драган Бјелогрлиќ.
Со најава дека соработка на „2 Бона“ со оваа екипа тука не завршува, погледнете го најновиот „Џокер“ кој Кун и Тонито го извадија досега: