Тијана Дапчевиќ сосема заслужено ја освои наградата за мултимедијален ументик на „Златна бубамара“, со што веројатно се согласувате.
Беше маестрална во ТЛЗП, а уште повеќе фасциналнта во улогата на Германката Ула во серијата „Преспав“.
Тијана на „Златна бубамара“ настапи заедно со сестра си Тамара, облечени во сличен светкав комбинезон, следната вечер Тијана како вистински мзулти- уметник, се преобрази и во манекенка на писта на Саемот за венчаници каде носеше уникатно бело сако, како модел за невестите кои претпочитаат да бидат поразлични.
Тоа не и беше доволно, па бидејќи беше некако премногу закопчана и наоблечена, на Инстаграм објави новас разголена фотографија на која позира по црн градник.
Тијана го претпочита андрогениот изглед, па поретко може да ја видиме во некое дамско, а уште помалку во разголено издание. Но, деновиве и тоа се случува, а мора да признаете дека изгледа бомбастично!