Познаиот пејач и некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Милан Станковиќ ги изненади своите фанови со новата фризура која ја покажа на социјалните мрежи.
Имено, Милан сега од страните е шишан на „нула“, а преку челото има шишки. Тој со новата фризура се пофали на „Инстаграм“, а под објавата не престанаа да се нижат коментари.
На некои им се допадна новиот имиџ на пејачот, додека некои негативно коментираа на неговата транформација.
„Каква е ова фризура“, „Што е бре ова?“, „Фризура инспирирана од Северна Кореја“, се само некои од коментарите.
Погленете како изгледа Станковиќ, па проценете дали ви се допаѓа.