Македонската пејачка Елена Ристеска е резервирана за својот приватен живот и не сака многу да зборува за него, па така во медиумите неодамна како бомба одекна веста дека е во врска со Филип Арсовски кој е сопственик на еден лонџ бар во Скопје.
Имено, Елена во тој период за „женски магазин“ потврди дека е среќна на љубовно поле и дека е во врска со Филип.
Меѓутоа, набргу по оваа потврда таа започна на социјалните мрежи започнува да објавува статуси со разни теории за љубовта како сакаше да наговести дека ставила крај на врската со Арсовски.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dali-elena-risteska-so-ovaa-teorija-za-ljubovta-mu-prati-poraka-na-momcheto-ne-me-zasluzuvash/
Изминатиот пејачката постојано е на релација Скопје – Мајами а отаму ги известува своите фанови за нејзините активности.
Меѓутоа со последната објава на „Инстаграм“, пејачката ги збуни фановите, а предизвика и лавина од коментари на социјалните мрежи.
Имено, таа постираше фотографија на која стои прегрната со маж, а во описот напиша:
„Ова е почеток на нова ера, на една приказна без крај, приказна за вистинската љубов. Со активирање на твоите сетила и твојата интуиција ќе го најдеш вистинскиот“.
Под објавата веднаш започнаа да се нижат честитки и им посакаа среќа на Ристеска, а тоа покрена шпекулации дека пејачката кажала „да“ и се омажила.
Во изјава за „женски магазин“, Елена откри дека е во Мајами е со посебна причина и не сакаше да ги открива деталите.
„Во Мајами сум поради посебна причина, подобра не можеше да биде. За сега, деталите ќе ги задржам за себе. Наскоро ќе објавам за што се работи. Како и да е, премногу сум среќна и возбудена“, изјави пејачката за магазинот.
За потсетување, пред околку повеќе четири години Елена стави крај на бракот со Бојан Јовановски кој траеше кратко.