Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ денес го крстат синот Александар, а вечерва требаше да има и прослава за неговиот прв роденден.
Меѓутоа, прославата која требеше да се одржи вечерва во еден хотел во Белград се откажува. Имено, кршевката на малиот Александар ќе се одржи, а гала вечерта се одложува, пишува пинк.рс
Александра и Филип ги послушаа апелите на здравствените огранизации да се откажат сите собирања, патувања и настани со голем број на посетители, па ја откажаа забавата на која требаше да присуствуваат 200 гости.
„Драги пријатели, имајќи ја во предвид загриженоста која владее и ризикот од ширењето на вирусот на големи собири, нашето семејство одлучи од првентивни мерки да ја одложи прославата за првиот роденден на Александар. Ќе ве известиме за новиот термин. Многу ни е жал за се што се случи. Ви благодарам на разбирањето. Семејството Живојиновиќ“ е пораката која семејството Живојиновиќ ја испратило на своите пријатели.
За потсетување, синот на Александра и Филип неодамна наполни една година.