Пејачката на групата „Харикејн“, има хашимото, воспаление на тироидната жлезда и ќе пие лекови до крајот на животот.
Пејачката на групата на „Харикејн“, Сања Вучиќ веќе три години боледува од хашимото, неизлечива болест на штитната жлезда. Поради оваа таа мора да пие лекови до крајот на животот.
Нејзините колешки од бендот, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ се загрижени за нејзиното здравје, особено сега кога имаат напорни подготовки за Евровизија.
Вучиќ вели дека на почетокот тешко ја прифатила дијагнозата, но со текот на времето се навикнала.
„Не ми беше добро, а не знаев што ми е. Чувствувам хроничен умор, бев нерасположена, немав енергија. Бев кај психијатар и ми препиша антидепресиви. Помислив дека можеби имам проблеми со хормоните, па бев и кај гинеколог. Докторот се посомнова дека е хашимото бидејќи и самата ја има таа болест“ вели Сања и додава:
„Болеста ми ја открија пред три години. Направив испитувања на хормоните на тириодната жлезда, бев на ултразвук и ми потврдија дека е хашимото. Ми кажаа дека морам да пијам лекови до крајот на животот. Ми беше тешко, ми се случуваше да не можам да станам од кревет и често плачев. Забележав дека ми е сува кожата и дека тешко слабеам. Многу се плашев, мислев дека ми руши цел свет кога сфатив дека сум болна и дека зависам од еден лек. Тешко го прифатив тоа, но се навикнав со текот на времето“ вели пејачката.
Таа потполно ги променила своите навики.
„Сега сум посветена на тренинзите, се грижам за исхраната, не користам хидрати и шеќери. Се обидувам да живеам здраво. Болеста нема да ме спречи да настапувам со колешките“ вели Сања.
Групата „Харикејн“ со песната „Hasta la vista“ ќе ја претставува Србија на Евровизија во Ротердам.