Пејачката Катарина Живковиќ откри што искусила од своето поранешно момче, па како што вели, сега е внимателна при изборот на емотивни партнери.
За неа се вели дека има врска со силен и моќен човек што го крие од јавноста и со кого патува во егзотични дестинации. Тоа е сега, но во минатотот, фолкерката не секогаш била во можност да избере.
„Поранешното момче ме тепаше заради љубомора и жалам што не го пријавив во полиција. Јас не направив ништо затоа и жалам. Мислам дека за цел живот нема да си простам што само го оставив и пуштив сето тоа така да помине, но не можам да заборавам. Јас навистина не разбирам зошто не отидов во полиција. Јас не го криев тоа, моите родители и пријатели знаеја сè“, признала Катрина, која од оваа ужасна епизода научила да внимава со кого се впушта во врска во животот.