Здравко Чолиќ е познат и како личност која никогаш не била „покриена“ со медиумски скандали, но и преголемо експонирање од тој тип.
Многумина ќе речат дека тој едноставно нема за што да му се забележи и дека неговата музика е доволна, но тој за српското „Ексклузив“каков вид на незадоволство на негова сметка има сопругата.
„Сопругата најмногу ми се лути поради тоа што сум попустлив со ќерките. Таа не може да разбере дека сум толку мек за нив и не можам да им кажам не’, додека таа е претежно строга“. беше искрен Чола.
Пејачот исто така објасни како неговите ќерки се справат со славата што ја има нивниот татко.
“Уна веќе знае и е свесна кој е нејзиниот татко, за разлика од Лара, која е помлада. Таа сфаќа дека нејзиниот татко не е некој што седи на каучот, само кога нејзините пријатели ја прашуваат за билет за концерт”. објасни тој.