Многумина велат дека Весна Змијанац е многу симпатична и жена од народот, а еве што велат нејзините соседи.
Пејачката живее во луксузен стан во една од најлуксзуните населби во Белград.
„Доаѓа често да купува на трафика. Обично купува женски магазини. Многу е пристојна и нормална жена, секогаш ни оставува бакшиш. Кога се шета по улица никогаш не се крие од соседите и народот“ вели вработена во трафиката која се наоѓа во близина на домот на пејачката.
Слично мислење имаат и вработените во аптека.
„Весна купува кај нас во аптеката, таа е многу кул. Жена од народот, нема ништо интересно во врска со неа“ вели за курир.рс вработената во аптека.
Во фризерскиот салон кој се наоѓа во близина на домот на пејачката имале различни мислења за Змијанац.
„Кога ја фенирам, таа молчи. Не зборува многу, а доаѓа во кежуал издание. Само ќе помине преку улица да се фенира за секојдневените снимања“ вели фризерката, додека пак друга сосетка вели дека Весна е неподнослива.
„Глуми ѕвезда, а вози обичен автомобил, ма не ни знае да вози. Често застанува на места за инвалиди, не го почитува сообраќајот во градот. Јас никогаш не ја поздравувам бидејќи изгледа безобразно на улица. Верувајте ми, Весна е баксуз од кој треба да бегате. Често е нервозна и мисли дека е некоја фаца затоа што е некоја ѕвезда“.
Првата сосетка на пејачката тврди дека таа е баба за пример.
„Ја сретнав пати во крајот. Знаете што, јас сум фан на Весна и ја следам од почетокот на кариерата и ги знам сите нејзини песни. Ја ценам бидејќи е еден од ретките интелектуалци во естрадните води“ вели сосетката на пејачката.