Фолк пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Живијовниќ ја напуштаат „Бежаниска коса“ каде што живеа од почетокот на 90тите.
Како што пишува ало.рс поранешната сопствничка на „Гранд“ и нејзиниот сопруг купиле два стана за кои платиле 600 000 евра.
„Брена уште претходната година објави дека ја продава вилата за два милиони евра, но нема голем интерес. Огромни се трошоците за таква вила, па затоа по продажбата на „Гранд“ одлучија да купат два стана, а во еден треба да се вселат таа и сопругот, а во другиот да се всели Виктор“ вели извор близок на парот и додава:
„На Виктор му купија стан од 70 квадрати кој го платија 210 000 евра бидејќи е во и квадрат во таа населба е 3000 евра, а станот треба да биде готов при крајот на годината. Станот на Брена и Боба се наоѓа во наслебата „Белград на вода“, има 150 квадрати и чини 450 000 евра. За уредување на станот ќе платат 150 000 евра, па на крајот се ќе чини 800 000 евра“ тврди изворот.
Како што пренесуваат медиумите, Брена на овој потег се одлучила откако од вилата прво се иселиле Александра и Филип. Па по нив си замина и Стефан. Бидејќи во вилата останаа само Виктор, Брена и Боба не се исплаќаат трошоците и продажбата на вилата е најдобра опција.
Пријателите тврдат дека Брена е подготвена и да ја издава вилата доколку не се појави купувач.
Фолк пејачката се уште не се огласи по повод овие пишувања.