Радио Милева

„Харизма на мртов хрчак“: Карлеуша опасно „удри“ по Анастасија Ражнатовиќ!

„Харизма на мртов хрчак“: Карлеуша опасно „удри“ по Анастасија Ражнатовиќ!

Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша неколку години се тужат една со друга, а судскиот процес никако да заврши. Се до недоамна, ниту Цеца, а ни нејзините деца, не сакаа да зборуваат за тоа, особено не да ја споменуваат Карлеуша. Но Анастасија пред неколку дена проговори токму на оваа тема:

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/toa-e-trae-so-godini-anastasija-raznatovikj-konechno-progovori-za-vojnata-megju-karleusha-i-ceca/

„Немојте да ме влечете за јазик, ве молам. Тоа трае со години. Тоа многу ме погодуваше кога бев млада, но со текот на годините сфаќате кој го кажува тоа. Мислам дека мојата мајка направи најдобра работа, а тоа е да молчи и да не се спушта тоа ниво“ вели пејачката.

фото:анастасија ражнатовиќ/инстаграм

Карлеуша веднаш откако го прочита ова во српските медиуми, остро возврати со навреди.

-Пресмешна девојко, ти како ќерка на убиец,крадец и воен злосторник Аркан и мајка осуден криминалец позната по кражба на милиони, земунски клан и „ногавица“, зборуваш за мене? Девојко, дали си ти при себе?! Кога ќе помислиш на мене, стани и застани мирно! Оди сега потпевнувај со таа харизма на мртов хрчак и генетика на џепарош и роми, пссст! Пушти ја мајка ти на суд поради моите кривични пријави да ја води својата валкана војна! –напиша Јелена на својот Инстаграм.

По ова не веруваме дека Ражнатовиќ ќе возвратат во иста мера, бидејќи нивната пракса како што изјавуваат, не е да се спуштаат на тоа ниво.

To top