Кога се појави во сега популарниот ТВ формат за готвење, „Брза кујна“, водителката Александра Илиевска повеќето ја препознаваа по нејзините впечатливи шишки.
Од почетоците на кулинарското шоу поминаа неколку години, а во тој период се променија и Александра и Марк и Никола. Сепак, како понежна половина и според улогата, водителката е во фокусот.
Денес Александра е доста поразлична кога е изгледот во прашање, па повеќе ги нема специфичните шишки, туку почна постепено да ја менува формата и бојата на косата.
Малку по малку,сега таа стана русокоса.
Вчера, понеделнички, за да не биде енот досаден, таа се реши за храбра промена, односно ја оби косата комплетно руса, а тоа го покажа на Инстаграм, од процесот на боење, па се до финалниот рефузлтат за кој доби доста позитивни коментари.
Инаку, неодамна Александра Илиевска беше водителка и на Саемот за венчавки, ангажман кој го имаше и претходните изданија.