Музичката група „Hurricane“ со песната „Hasta la vista“ ќе ја претставува Србија на овагодинешното издание на „Евровизија“.
Спотот за оваа нумерата веќе има околу пет милиони прегледи, а песната за кратко време стана хит.
Меѓутоа, на Твитер се најде навредлив коментар на сметка на оваа група, а фолк пејачката се најде меѓу оние кој го поддржа овој твит.
„Подобро Крмак да не претставува на Евровизија отколку овие три кокошки“ пишува во твитот кој Алексиќ го лајкна.
Меѓутоа, пејачката се огласи на „Инстаграм“ и им се извини на „Hurricane“.
„Им се извинувам на групата „Hurricane“ бидејќи случајнолајкував еден хејт за нив. Не гледав Евросонг. Истото му се случи пред некој ден со друга личност…Многу ми е жал за тоа, дефинитино твитер не е за мене“ напиша Алексиќ.