Радио Милева

Елена Ристеска и Вера Мештеровиќ за 8-ми Март ги покажаа вештините зад воланот, а умешноста им ја призна и Иџе (фото)

Елена Ристеска и Вера Мештеровиќ за 8-ми Март ги покажаа вештините зад воланот, а умешноста им ја призна и Иџе (фото)

Постојано може да се слушне како жените се лоши возчи и секогаш според посилниот пол ја имаат подредената положба во сообраќајот, како такви што народски кажано не ги бидува зад воланот.

Вчера, по повод денот на жената, дамите го докажаа токму спротивното.

фото:вера мештеровиќ/инсатграм

Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ го организираа популарното „Женско рели 2020“.

Свеченото отворање беше од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а со своите автомобили низ улиците на Скопје се натпреваруваа кој е поумешен зад воланот и на педалите, повеќе дами од Македонија и Косово.

фото:вера мештеровиќ/инсатграм

Меѓу нив беа и Елена Ристеска и Вера Мештеровиќ кои се докажаа меѓу најдобрите низ улиците, а на свеченото прогласување во еден скопски ресторан добија пехар и тоа од рацете на најдобритот- Игор Стефановски-Иџе.

фото:вера мештеровиќ/инсатграм

Зарем треба повеќе докажување после ова?!

фото:елена ристеска/инсатграм

 

To top