Новосадската барбика Наташа Беквалац, од месец септември е госпоѓа Лазукиќ, а во март на својот сопруг ќе му подари ќерка.
Таа се повлече од јавноста и ужива во благосостојбата и во друштвото на најблиските, а своите следбеници на Инстаграм ги воодушеви со фотографија на која е во домашна атмосфера и јаде сладолед.
Имено, неколку месеци папараците ја бркаа за да го фотографираат нејзиниот труднички изглед, но таа дури сега пред породување реши да го покаже стомакот.
Она што се забаележува е дека Ната изгледа исто, а зголемен е само нејзиниот стомак.
Во интервју за српскиот магазин Hello, таа открива дека детеската соба е веќе подготвена како и тоа дека ќерката ќе се вика Катја.