Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на 6 март 2019 година се реализираа во улогата на родители, односно го добија своето прво дете, синот Александар.
Имено, нивниот наследник денес (06.03.2020) полни една година, а по тој повод пејачката на социјалните мрежи објави невидена фотографија со наследникот, а во описот му се обрати со зборовите:
„Животе мој, среќен ти 1ви роденден. Ти благодарам за најубавата година. Те сакам“.
Во една прилика, кога ја прашаа со што би сакала да се занимава нејзиниот син, таа одговори:
„Најважно е да биде воспитан и добар човек. Да ги слуша мама и тато, семејството да му биде на прво место. Мене тоа ми е најважно и ќе се потрудиме да биде така“.
Како што пишуваат српските медиуми, Пријовиќ и Филип подготвуваат голема гала прослава за роденденот на Александар, а веќе пејачката му подарила 30 000 евра.