Радио Милева ја изгуби битката...

Почина познатата учесничка од реалното шоу “Големиот брат“ (ФОТО)

Почина познатата учесничка од реалното шоу “Големиот брат“ (ФОТО)

Дубравка Ујевиќ Верон, која се натпреваруваше во 2018 година во реалното шоу „Големиот брат“ починала вчера на 49-годишна возраст, откако не успеала да се избори со тешката болест, потврдија  нејзините блиски пријатели од шоуто.

„Нејзиниот сопруг ми се јави утрово и ми кажа што се случило. Од неодамна таа беше во болница. Се чувствуваше се’ полошо, но сепак ова е шокантна вест“ – изјавила пејачката Алена Незиревиќ Анези (31), која беше со Дубравка реалното шоу. Анези додаде дека последен пат се слушнале пред околу десетина дена.

„Почивај во мир, драга пријателке! „Големиот брат“ ми донесе големи нешта во животот, вклучувајќи го и пријателството со Дуда, кое остана големо и по завршувањето на шоуто. Во овие две години, таа знаеше да ме  насмее, развесели, да советува, но и да ми помогне. Нашето пријателство беше взаемно и беше убаво. Благодарна сум што Бог ме благослови со такво пријателство, што имав чест да ми ја отвори душата една толку чувствителна жена! Размислував колку е убава оваа фотографија и дека ќе ја ставам тука со сигурност. Не знаев дека ќе биде по овој повод … Што е животот, неколку чекори, малку тага и мерак, малку брате, малку е… Дудо, кралица, уживај во Божјите пространства“ – со воиј споделн пост се простува од Дуда нејзината пријателка, пејачката Анези.

To top