Радио Милева прослава од 100.000 евра

Прија и Филип Живојиновиќ на синот за првиот роденден му подарија 30.000 евра, а сега му подготвуваат крштевка од 70.000 евра!

Прија и Филип Живојиновиќ на синот за првиот роденден му подарија 30.000 евра, а сега му подготвуваат крштевка од 70.000 евра!

Александра Пријовиќ му подарила 30.000 евра на нејзиниот син за првиот роденден. Пејачката и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ станаа родители пред една година, но поради големите обврски одлучија на 11 март да организираат гала роденденска прослава за малиот Александар.

Прија и Филип тој ден ќе го слават и првиот роденден и воедно крштевката на нивниот син единец во еден хотел во Нов Белград, а дури 200 гости се поканети на прославата.

„Прија и Филип веќе дистрибуираа покани и брзо се решија за подарок. Тие отвориле банкарска сметка во името на нивниот син Александар, на која веќе уплатиле 30.000 евра“ – вели извор близок до семејството.

 

„Се договорија секоја година да му уплаќаат извесна сума пари, што Александар ќе може да ги извади само кога ќе стане полнолетен“- вели изворот.

Тие не се двоумеа околу подарокот, но и околу изборот на кумот за крштевањето на малиот Александар.

 

„Кум на Прија на свадбата и беше Ацо Пејовиќ, а на Филип, Милош Теодосиќ. Прија и Ацо се многу блиски. Тие живеат во исто соседство. Се гледаат едни со други секој ден, па уште додека беше бремена, тие се договорија Ацо да и биде кум на крштевањето на нејзиното бебе“ – вели изворот и открива кој ќе ги забавува гостите на прославата.

-„Тие ги ангажираа „Гранд“ sвездите Александра Бурсаќ и Милош Бркиќ, но меѓу гоститеќе бидат и познати музичари и пејачи кои  сигурно ќе се фатат за микрофонот. Прија и Пејовиќ ќе отпеат неколку песни, а и баба Брена најави дека сака да пее за малиот Александар!

Бидејќи прославата ќе биде организирана во хотелот и ќе има дури 200 гости, Прија и нејзиниот сопруг издвоија околу 70.000 € за гала крштевката! Гордата мајка реши салата да биде украсена во сина боја и им порача на гостите да не се оптоваруваат со подароците.

To top