Радио Милева

По судењето со Карлеуша, во домот на Цеца пристигна нешто кое и го разубави денот (видео)

По судењето со Карлеуша, во домот на Цеца пристигна нешто кое и го разубави денот (видео)

Цеца Ражнатовиќ се сретна со Јелена Карлеуша во Вториот основен суд во Белград. За потсетување, Цеца ја тужи Јелена за тврдењето дека таа стои зад убиството на Зоран Давидовиќ , а Карлеуша, Ражнатовиќ затоа што му рече на судијата дека вакви изјави не  дава за медиумите ментално стабилна личност.

– Ниту навредувам, ниту сакам да понижувам, затоа што јас сум доволно свесна за моите квалитети за да имам потреба да понижувам и јавно навредувам некого. Ако некој без факти не оди во суд, не оди во полиција, туку оди во медиуми и зборува таков куп обвинувања и лаги, а со тоа се заканува на безбедноста на целото мое семејство, тоа и штети на мојата репутација и чест и морам да се оправдам за некои навистина одвратни работи, таа личност не може да биде психолошки нормална – изјави Цеца своевремено.

Кога се вратила во семејниот дом, Цеца била пречекана со подарок што ја воодушеви, и тоа го објави на Инстаграм:

Денот можеби не и почна така убаво, но и заврши како што би можела да посака.

To top