Скопјанката Елеонора Миљковиќ стана позната откако влезе во реалното шоу „Задруга“ каде што не остана многу време, но пред екраните успеа да изнесе детали од својата приватност кој не им беа познати на јавноста.
Миљковиќ не се задржа многу во реалното шоу, но откако излезе отаму се прослави уште повеќе. Другите задругарки вообичаено по излегувањето од шоуто, почнуваат со музичка кариера, Миљковиќ не се пронајди во музичките води, но затоа манекенството и е посилна страна.
Често може да ја видиме во разни модни комбинации, но и стана амбасадор на еден познат моден бренд кај нас.
Миљковиќ често на социјалните мрежи знае да сподели разголени фотографии кои повеќе откриваат од што покирваат, а со тоа освен што ги покажува облините знае да ја разбуди и машката фантазија.
Сите знаеме како изгледа Елеонора, но дали знаете од кога ја наследила таа својата убавина?
Мајката на манекенката деновиве славеше роденден, а по тој повод Еленора на социјалните мрежи објави од нејзината мајка.
Во кусите приказни на „Инстаграм“, задругарката покажа каква торта добила нејзината мајка за 48 – иот роденден, а во описот на истата напиша: „ За најубавата мајка“.
Нема сомнеж дека Елеонора убавината ја наследила од жената која ја родила.