Радио Милева Актерката се врати дома...

Јана Стојановска отворено проговори за апсењето на мајка и Силвија: „Јас и верувам, знам дека е невина!“ (ВИДЕО)

Јана Стојановска отворено проговори за апсењето на мајка и Силвија: „Јас и верувам, знам дека е невина!“ (ВИДЕО)

Актерката Силвија Стојановска, како што е веќе познато, беше лишена од слобода и и’ беше одреден домашен притвор заради наводна вмешаност во трговија и транспорт на огромни количини кокаин, во големата меѓународна полициска акција. Чин кој ја изненади, збуни и згрози јавноста, која се’ уште со неверување гледа на ваквата постапка на познатата македонска актерка.

Од друга страна пак на нејзината ќерка, исто така актерка Јана Стојановска кариерата, но и приватниот живот и тргнаа по нагорна линија. Грст театарски и улоги во балкански серии („Сенки над Балканот 1“), љубовна врска крунисана со брак и машко детенце (Ненад) со српскиот кошаркар Андрија Бојиќ.

Иако веднаш по апсењето и притворот на Силвија, Јана Стојановска се огласи со свој коментар во јавноста дека мајка и не е виновна, туку во сето тоа е веројатно вмешан само нејзиниот нов сопруг, сега во естрадниот магазин „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста зборуваше детално за апсењето  Силвија Стојановска и истакна дека верува во невиноста на нејзиниот родител.

Убавата Јана се врати дома, во Скопје… но само на кратко. Престојот го искористи да снима во студиото на браќата Тавитјан, како дел од новиот музички проект на нејзиниот стар пријател, легендарниот Раде Шербеџија.

Инаку, како што рековме неодамна стана мајка и сега живее во Букурешт каде игра кошарка нејзиниот избраник,  потенцираше дека е лута на дел од медиумите кои ја распнаа и веднаш ја осудија Силвија, велејќи нејзината мајка во моментов се чувствува добро, и иако е во домашен притвор, чува внук.

Целиот разговор со Јана Стојановска можете да го погледнете во видеото во продолжение:

To top