„Извини“ се вика најновата песна на младиот пејач Огнен Здравковски, која премиерно ја објави во втората половина на јануари, заедно со видеото за српската верзија. Зад оваа музичка тема како автори се потпишуваат најдобрите во земјава, братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски, сега таа ја доживеа и својата македонска верзија.
https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/ognen-zdravkovski-po-grand-trgna-da-go-osvojuva-regionot-so-izvini-video/
Оги со песната се обидува да го освои регионалниот пазар, каде излезе од анонимноста како еден од учесниците и финалисти на музичкото регионално талент шоу, „Ѕвездите на Гранд“.
„Да бидам искрен очекував дека ќе ѝ се допадне песната на публиката. Навистина ова е ремек-дело, кое верувам дека би посакал да го има секој пејач на естрадава. Како што знаете, првата верзија на оваа песна ја пуштив на српски јазик пред еден месец и верувајте дека ама буквално секојдневно добивам пофални коментари“ – вели Здравковски.
Видеоспотот е во режија на Гордан Божиновски, а покрај Оги во спотот се појавува моделот Ана Коцевска која се претставува како Ана Даја Гри.
Слушнете ја македонската верзија на неговата најнова песна: