Повторно се појавија шпекулации во британските медиуми дека војвотката Кејт Мидлтон е бремена.
Таа, наводно по четврти пат е бремена и носи близнаци, пишува таблоидот „Globe“. Меѓутоа, како што пишуваат, принцот Вилијам е многу загрижен поради тоа што војвотката од Кембриџ има проблеми со хиперемеза.
Станува збор за трајно, силно повраќање во текот на бременоста кое предизвикува дехидратација, а често доаѓа и до пореметување на електролитите, кетоза и слабеење.
Како што се наведува, Кејт со овој проблем се соочила и во текот на претходните бремености.
„Кога дознаа дека е бремена, веднаш и кажаа на кралицата, односно таа е единствената која знае. Откако на ултразвук виделе две откчукувања на срцето, Вилијам се препотил од страв. Кејт имаше повеќе проблеми во текот на бременоста отколку што открија медиумите. Нејзиниот притисок е многу зголемен и ситуацијата стана опасна неколку седмици пред породувањето. Ѝ беше наредено да лежи во кревет и да не се поместува за да го спаси животот на двете деца“ – изјавил извор близок до кралското семејство.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам имаат ќерка Шарлот (4) и синови Џорџ (6) и Луис (1).