Вирусот „Корона“ е ударна вест во речиси сите домашни и светски медиуми последниве денови, а сега на Јутјуб се појави и песна за него.
Групата „Фантом“ од Приједор на Јутјуб каналот „Крајина Tube Official“ ја објави својата четириминутна песна наречена „Корона вирус“. Сега епедимјита е и опеана!
„Сите се плашат од вирусите што идат, на улица Кинез, не смеат да видат“ – гласи еден од стиховите на песната.
Се работи за песна со хумористичен текст, па можеби е време овие денови малку да се опуштите и да се насмеете по сите овие напнати вести и информации за ескалацијата на вирусот Корона.