Поради успехот кој го постигна турската серија „Појраз Карајел“ или „Мојот син“, во Турција беше снимен акционен филм од 109 минури кој го носи името „Појраз Карајел – Глобал Капитал “.
Како што објавивме и претходно, премиерата се случи на 15-ти декември, на крајот од 2017 година.
На примеирата на црвениот килим се појавија актерите кои ги глеадвме неколку сезони, а меѓу нив се најде и Ајше од „Парампарче“ која на килимот зачекори заедно со својот сопруг, а исто така има своја улога.
Имено, во филмот нема да играат Појраз и Ајшеѓул, бидејќи ликовите трагично завршија на крајот.
Изненадување е тоа што во продолжението се појавува адвокатката Сема.