Младата српска музичка везда и ќерка на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, ја израдува својата публика со новата песна „Хероина“ што ја снимила минатата година.
Последниве денови можеше да се слушнат гласини дека протече дел од песната, а Анастасија не сакаше публиката да ја слушне недовршената верзија, па реши да ја објави со „лирикс“ видео.
– Од досега необјаснети околности, недовршената верзија на песната „Хероина“ која требаше да се појави на мојот прв албум излезе во етерот пред да сакам да ја претставам на публиката. Не сакав да дозволам песната да кружи на социјалните мрежи затоа што не беше целосно завршена, но донесов одлука да ја објавам песната преку лирикс видео. За мене беше многу тешко да сфатам дека некој си игра со мојата работа и напор, особено што на овој проект работев уште од октомври минатата година. За мене, „Хериона“ е нешто што досега не сум го снимила, ми се допадна штом ми беше понудена и верувам дека ќе работи одлично со публиката. Во текот на наредниот месец ќе снимам и видео, а во меѓувреме од мене ќе има уште неколку изненадувања. Не можам да дочекам да ги слушнам коментарите и впечатоците на публиката – пишува Ражнатовиќ на Инстаграм.
Со оваа песна, Анастасија го најави својот деби албум, кој до лето треба целосно да ја види светлината на денот.
Инаку, музиката и аранжманот на „Хероина“ се на Дарко Димитров, а текстот е на: Бенџамин Крнетиќ,Анастасија Ражнатовиќ и Милан Лаќа Радуловиќ.