Пејачката Рита Ора се почесто сака да провоцира со бујните гради, а на социјалните мрежи може да се видат нејзини провокативни фотографии каде разголените гради се во прв план. Овој пат, Рита, со својот стајлинг привлече големо внимание минатата ноќ во Западен Холивуд.
Со провокативниот стајлинг предизвика вистински неред пред ресторанот, а припадниците на посилниот пол не можеле да не ги забележат атрибутите на пејачката која свесно ги ставила во прв план.
Рита прво прошетала во некој ресторан каде што уживала со своите пријатели, облечена во сребрен топ и панталони во кафеава боја.
Освен многубројните тетоважи кои го краселе нејзиниот грб, на пејачката ѝ се наѕирале и градите.
Малку подоцна, пејачката одлучила да продолжи со своето забавување и се упатила кон ноќен клуб, но во малку поразлично издание.
Таа панталоните ги заменила со кожно здолниште во црна боја со изрез до колена и црни чизми додека истиот топ едвај ги прекривал нејзините гради.