Пејачката Ејми Дафи дала објаснување на својот Инстаграм профил зошто толку долго отсуствувала од музичката сцена, откривајќи ги морничавите работи кои ѝ се случиле.
На пејачката со потекло од Велс, најпозната по песната “Mercy”, ѝ се предвидуваше голема кариера, но окако го објави албумот во 2011 година, таа просто исчезна од јавната сцена. По многу години, Дафи била контактирана од страна на новинар на кој одлучила да му ја открие вистинската причина поради која престанала да пее.
“Нема едноставен начин како да го кажам ова. Многумина се прашуваат што се случи со мене, каде сум и зошто исчезнав. Многу пати размислував како да го напишам ова… и како би се чувствувала по тоа. Не сум потполно сигурна зошто сега ми се чини како да е вистинско време за тоа и дека разговорот ќе ме ослободи. Сигурно се прашувате зошто не одлучив да го искористам својот глас за да ја изразам болката”, напишала Дафи на Инстаграм како одговор на тоа зошто долго време не е присутна во јавноста.
Иако не сакала да изнесе никакви конкретни детали за тоа кој е сторителот и дали одговарал за злосторството, таа барала од фановите да ја поддржат и да не очекуваат од неа дека одненадеж ќе биде онаа старата, весела Дафи како што сите ја паметат пред да ја напушти сцената.
“Не сакав да му ја покажам тагата на светот, не знаејќи како ќе пејам со скршено срце. Но, тоа со текот на времето закрепна. Вистината е, и ве молам верувајте ми дека сега сум добро и на безбедно место. Со денови ме силуваа, дрогираа и ме држеа во заробеништво, но преживеав и ми требаше многу време за да закрепнам”, напишала Дафи и секако, веднаш добила поддршка, пишува “The Guardian”.