Познато е дека Анастасија Ражнатовиќ својот деби албум го прави во Скопје во студиото на Дарко Димитров.
Но, помина доста време откако Анастасија, Дарко, а и мама Цеца се зафатија со работа која како да се пролонгира.
Како што Анастасија изјави во едно интервју, сака се’ да биде вистински избрано и направено, а веројатно поради перфекциониозмот кон кој се стремат, албумот се уште не е спремен за јавноста.
Мама Цеца не ја остава ќерката во ниту еден момент, па вчера тие допатуваа во Скопје и работеа заедно со Димитров, а од студиото објавија и неколку куси видеа.
Според објавените снимки, очигледно останале кратко. Кога доаѓаа кон Македонија, уживаа во сончевиот ден, а ноќта на пат кон дома беа како во друга временска зона.
По патот врнело доста снег, па возењето им било отежнато, а Цеца со мобилниот го забележа и тоа.