Ништо лично ништо лично

ТВ Хунта

ТВ Хунта

Во екот на светска епидемија на КОРОНА вирусот, во денови на предизборие, во моменти на кулминација на корупција и организиран криминал на највисоко ниво… ВИЕ ни го укинувате правото за НАШИ пари да гледаме ТВ КАНАЛИ преку кабловските оператори!?

Тогаш плачевте по некакво квази „балансирано информирање“, а сега народот го ставате во медиумски мрак! Небаре сме 18 век! Уште Интернетот фали да го укинете и социјалните мрежи да ги забраните… и да бидете не само ТВ, туку комплетна медиумска ХУНТА!

Затскривајќи се зад плаштот на некакви „авторски права“, ги кршите и законот и основните човечки права, меѓу кои правото на слобода на говорот, протокот на слободни информации и нивната размена, правото на слободна мисла, информација, едукација, забава… Сето она што модерната телевизија го нуди денес преку  кабловските оператори и интернет провајдери во лепеза од различни ТВ канали, програми, емисии…

Со донесен шверцерски закон во нетранспарентна постапка преку ноќ, без право на широка расправа, дебата, размена на мислења, искуства, стручни совети… Само со притискање на копчето на тастерот, со истот оној прст со кој вашите неуки поданици прво го чепкаат носот или не знам што веќе друго, па слепо ги извршуваат вашите наредби донесувајќи фатални одлуки за народот.

Отсега ќе ја гледаме само програматта на Јавниот сервис… 1, 2, и 3, односно Собраниски. Не дека е лоша или добра, ама циркуз ионака гледаме од седниците на Собрание, па барем ставете камери уште и на судските рочишта, за реалното шоу да биде комплетно. Ионака шоуто и го украдовте на естрадата, која беше каква што беше, а вие ја доотепавте.

Каква „Задруга“, „Парови“, „Фарма“… Па Вие сте сите три во едно! Станија, Миљана Куљиќ, Мина Врбашки… и останатите цицлесести уличарки се „мали деца“ во однос на  Вас и вашиве „Луј Витон“ ѕвезди. Од судии и обвинители, до политичари, поданици и извршители… на кривични дела, секако! Невини сте пред законот, колку што се „невини“, знаете веќе каде, споменатите силиконски старлети!

Арно ама се’ има свој крај… 12 април е близу. Обвинителите и судиите, вакви какви што се и нивната (не)правда видовме дека може да се купи… Ама судот на народот нема цена, нема пари со кои можете да го купите! Има само цена што мора да се плати!

 

 

 

To top