Деновиве во медиумите кружат гласини дека пејачката Северина се разведува од сопругот.
Имено, овие шпекулации започнаа откако хрватската пејачка на „Инстаграм“ го отстрани презимето Којиќ.
Во српските медиуми веднаш започнаа гласини дека дошол крај на бракот на Северина и Игор Којиќ.
Меѓутоа, таа со една објава на социјалните мрежи ги демантираше овие пишувања и им ја затвори устата на хејтерите.
Имено, таа објави заедничка фотографија со сопругот, а во описот ја цитира својата песна „Мил мој“ и ги додаде своите препознатливи хаштази „сакам што се сакаме“ и „љубовта со љубов се враќа“.