Радио Милева

Кристина Димитриевска најави дека заедно ќе го прослават 3-иот роденден на синот, ама Кајмакоски го нема на ниту една фотографија!?

Кристина Димитриевска најави дека заедно ќе го прослават 3-иот роденден на синот, ама Кајмакоски го нема на ниту една фотографија!?

Во мај 2019, Даниел Кајмакоски и неговата тогашна сопруга Кристина Димитриевска по три години ставија крај на нивниот брак.

По разводот, екс сопружниците  тргнаа секој по свој пат. Имено, Кајмакоски се пресели во Србија и победи во регионалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато“, а и редовно настапуваше во регионот.

фото: принтскрин/инстаграм

Од друга страна, Кристина му се врати на манекенството и победи на Мис Балкан, а се обиде и како пејачка, снимајќи две песни: една на македонски една на српски. И додека тие ги туркаат своите кариери,  се наметна прашањето, кој го чува нивниот син Давид?

фото: принтскрин/инстаграм

Димитриевска во една прилика истакна дека синчето го чуваат нејзината мајка и брат, а и потенцираше дека со екс сопругот е во коректни односи и најмногу се комуницираат поради нивниот наследник.

Така, моделот неодамна во интервју за „Бекстејџ“ најави дека заедно со Кајмакоски ќе го прослават и 3-иот роденден на синот.

фото: фејсбук

„Прво нешто кога двајца се врзуваат е пријателството, а нас тоа ни остана. Но, најважно е што сега сме во супер односи. Знаеме понекогаш и да се јавиме, да прашаме како сме, зборуваме за работа, за плановите, за нашето дете“ изјави Кристина.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kristina-dimitrievski-si-ja-otvori-dushata-so-daniel-ne-se-mrazima-pochnavme-i-zavrshivme-kako-prijateli-video/

И дојде денот – роденденот на синчето на познатиот пејач и манекенката. По тој повод Кристина на својот „Инстаграм“ објави фотографија, а во описот напиша стих од песната „Роѓено мое“ од Северина.

фото: принтскрин/инстаграм/кристинадимитри

Среќната и горда мајка на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од важниот датум, но иако најави дека заедно со Даниел ќе го прослават роденденот на синот, на објавите никаде го нема пејачот. Тој или не се појави или пак едноставно не сакал да се фотографира…

фото: инстаграм

Даниел ни на социјалните мрежи не напиша честитка за наследникот. Неговата последна објава на „Инстаграм“ е од пред три дена односно од 23 феверуари, а на истата тој е маскиран во Rag’n Bone Men и е во Белград.

фото: Принтскрин/инстаграм

Па дали, победникот на „Х фактор“ пристигнал на забава на неговиот син и се радувал на неговиот најважен ден, останува недоумица?! Дали Даниел сакал неговото присуство на роденденот на синот да остане инкогнито или имал „неодложна работа“ или сепак и покрај изјавите на Кристина за „одличните односи“, имало некоја „трета пречка“  екс – сопружниците одново да се најдат на исто место, колку и да е поводот важен… Само тие го знаат одговорот?!

 

 

To top