Радио Милева

Квентин Тарантино стана татко на 57 години

Квентин Тарантино стана татко на 57 години

Еден од најпознатите режисери на светот, Квентин Тарантино стана татко на 57 години.

Сопругата на Квентин, Даниела Пик му роди син во израелскиот град Тел Авив, пренесува „Дејли Мејли“.

„Даниела и Квентин се среќни што со сите може да споделат дека го добија своето прво дете“, изјави Пр-от  на сопружниците.

Бидејќи Даниела се породи во Изразл, се шпекулира дека парот ќе се пресели таму да живее.

Брачната двојка се венчаше пред 2 години на церемонија, на која присуствуваа големи имиња од Холивуд. Тарантино своевремено изјави дека кога снима филмови не прави ништо друго.

To top