Пред неколку дена Емина Јаховиќ призна дека на десетгодишниот брак со пејачот Мустафа Сандал му дојде крајот.
Пејачката преку Инстаграм порача дека љубовта згаснала и дека разумно се договориле околу разводот.
Иако во медиумите само таа ја имаше својата страна на приказната, Мустафа не се огласи ниту еднаш. Сега реши и тој да го каже својот став за љубовта и тоа на сличен начин како што тоа го направи сега неговата екс-сопруга , па им се обрати на своите следбеници:
-Ако ја уловиш љубовта, ќе ја имаш. Тоа е мир на вашиот ум“, кратко напиша Мустафа за разлика од Емина која имаше прилично долго објаснување.