Фолк дивата Лепа Брена отпатува во Мајами и ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со тазе фотографии.
Околу Брена има палми и море, а прекрасните кадри го одземаат здивот.
Под објавата на пејачката, коментарите се нижеа, а многу следбеници и се заблагодарија за тоа што ги почести со прекрасни глеткиод градот каде пејачката има луксузна вила.
„Го сакам Мајами“, напиша Брена.
Прекрасната куќа на Брена и Боба во Мајами е вредна повеќе од 900.000 евра, се простира на 400 квадратни метри луксузен недвижен имот, и се наоѓа во скапа населба на Мајами на морскиот брег.
Соседите на Брени и Боби се многу светски познати личности, а се проценува дека месечното одржување на ваков имот чини 2000 долари.