Радио Милева

Емра Куртишова или Исаура од „Преспав“: „Најсмешна сцена ми беше романтичната вечера со Талат“

Емра Куртишова или Исаура од „Преспав“: „Најсмешна сцена ми беше романтичната вечера со Талат“

Четвртата сезона на серијата „Преспав“ успеа да ја освои публиката и со нетрпение го очекуваат следното продолжение.

Емра Куртишова во „Преспав“ ја играше улогата на собарката Исуара, а во интервју за точка.ком.мк проговори за нејзиното искуство во серијата.

„Искрено и од срце сум благодарна на целиот тим од ,,Преспав” што ми дадоа шанса да видам и да учам како е да се работи на филм, нормално не велам дека научив, тоа е професија за која се учи цел живот, искуството и константната работа си го прават своето. Морам да спомнам дека ми беше задоволство да бидам сведок на сплотеноста во соработката со колегите, навистина се работи како со фамилија, и горда сум поради тоа. Така што, дефинитивно можам да заклучам дека се здобив со убаво и значајно искуство“, вели Емра.

фото: принтскрин/инстаграм

Таа открива дека најсмешна сцена и била романтичната вечера со Талат и дека тогаш не можеле да престанат да сe смеат.

„Има повеќе. Со оглед на тоа дека директен партнер во серијата ми беше Дритон (Талат) можете да замислите што се случуваше во текот на снимањето. Се воодушевував на комичноста која ја поседува, а на тоа верувајте никој не може да остане рамнодушен.  Една од најсмешните сцени дефинитивно беше во епизодата ,,Цимерки” – романтичната вечера со Талат на терасата од пансионот. Таа сцена ја враќавме повеќе пати бидејќи буквално се смеевме сите. Наредбата ,,тишина на сет” не можеше да се испочитува, па така почнаа да ги отстрануваат луѓето кои не можеа да се воздржат од смеа. Но, сепак на крај некако успеавме да ја снимиме сцената“ вели Емра за точка.ком.мк

фото: принтскрин/инстаграм

 

Куртишова вели да не била актерка би била медицинско лице.

„Покажував голем интерес додека сестра ми учеше медицина. Доста привлечни ми беа учебниците по психологија и анатомија, а психологија учевме и на факултетот за драмски уметности, со што успеав одблиску да ја запознаам таа гранка од медицината. Но, кога би бирала, сепак би го одбрала актерството“ вели за точка.ком.мк

фото: принтскрин/инстаграм

Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца.

To top