За врската помеѓу холивудската актерка Деми Мур и српската стилистка Маша Манџук, со која како што пишуваат странските медиуми, во врска се околу три години, продолжува да се зборува, а сега на социјалните медиуми се појави фотографија која изненади многумина.
Маша на својот Инстаграм профил објави фотографија со Деми и нејзините деца, додека на фотографијата се гледа и славниот актер Брус Вилис, кој своевремено беше во брак со Деми Мур.
На фотографијата, сите позираа со насмевка на лицето, а евидентно е дека Деми ја запознала Маша со својот поранешен сопруг, а очигледно сите добро се согласуваат.
– Јас многу ги сакам овие луѓе! – напиша Манџук во описот на фотографијата.