Пред една година во сообраќајна несреќа во Германија почина кралот на народната музика Шабан Шаулиќ.
Неговите фанови, пријатели, колеги и семејство се уште не може да се помират со фактот дека Шабан го загуби животот.
Курир.рс сподели никогаш објавено интервју од Шаулиќ кое го даде во 2018 година и откри дали има нешто што не реализирал во неговата досегашна кариера.
„Лично мислам дека нема нешто што не сум остварил во животот. Мислам дека се е тамн. Не се жалам. Ниту во еден момент не се пожалив на кариерата и на се што ми се случуваше во животот. Така да, немам за што да се жалам, се некако си одеше по свој пат. Не знам што уште би посакал….Нормални деца, паметни, интелигентни, добри, чесни….Имам три внуци и два внука, така да, јас сум реализиран човек. Немам за што да жалам, ниту пак нешто би менувам во мојот живот“ изјави пејачот во 2018.
Тој објасни како изгледа еден живот на Шабан Шаулиќ.
„Ете, со еден збор – човек со обврски. Цел живот. Од пат на пат, микрофон, разни сали, дворани, ресторани, кафани, разни дружења…Се тоа некако поминуваше, но морам да ви кажам дека многу бргу помина. Ми изгледа како вчера да беше кога ја снимив својата прва плоча, да славим јубилеј во Арена…“ изјави тогаш Шабан.
„Едноставно, не можам да верувам се помина толку брзо бидејќи бев многу млад кога ја започнав кариерата (17години). Исто како вчера да беше. Се некако се одвиваше многу брзо, најверојатно ме носеше кариерата, концертите, дружењата, патувањата…Не сакам да се жалам, но ми е жал дека се одеше многу брзо“ искрено вели пејачот.
Шабан почина неколку месеци по ова интервју. Зад себе ја остави сопругата Гоца, ќерките Илда и Санела, како и синот Михајло.