За неа домашните медиуми знаат да напишат дека е миленичка на пензионерите, таргет група која редовно ја следи Милена Антовска-Станковска на ТВ екраните во утринските часови.
Освен на телевизија, Милена со текот на времето стана популарна и како влијателен лик на социјалната мрежа Инстаграм, односно како инфлуенсерка која често рекламира одредени производи за припадничките на понежниот пол.
Бидејќи медиумите од различен формат се нејзино секојдневие, таа е доста активна, особено на Инстаграм каде често покажува и детали од приватноста или пак она што се случува зад камерите во студиото.
Милена имаше гостинка, македонската фризерка Светлана Зуламоска Гроздановска од Кривогаштани, која од остатоците од косата на своите муштерии „портретира“ локални и меѓународно познати личности. Таа 27 години работи како фризерка и овој необичен талент го открила неодамна и тоа сосема случајно.
Додека останатите фризери ја фрлаат косата, Светлана ја собира и од неа прави уметнички дела, портрети од коса кои неретко може да се видат во нејзиниот салон. Светлана користи исечена коса за изработка на портретите, а целиот процес трае неколку часа. Секој од портретите е уникатен, но постои само неколку минути на подот од салонот на Светлана, а потоа останува овековечен на фотографија.
Таа ја воодушеви водителката со изненадувањето, односно подарокот кој го направи специјално за неа, а станува збор за потрет од коса на кој е токму ликот на Милена.
„Поуникатен подарок не сум добила“ – напиша Милена во објавата, покажувајќи го оригиналното уметничко дело од коса.
Популарноста секогаш носи одредени привилегии, а Милена од многуте веруваме дека овој подарок ќе го чува засекогаш и ќе се сеќава на дамата која одвои време со своите вешти раце да го изработи нејзиниот лик од коса.