Нема посовршен ден за промоција на една љубовна песна од денот на вљубените. Токму тој ден бившата Гранд ѕвезда, Стефан Величковски на своите обожаватели, но на сите што веруваат и ја величата љубовта им го подари она што умее најдобро да го прави – својата нова песна „Остани со менe”.
Тимот што работеше на оваа нумера се добро познатите Александар Тарабунов (музика), неговиот татко, фолк легендата Ванчо Тарабунов (текст) и Драган Ристовски (аранжман), во чие студио „ДРД медија“ и е снимена песната.
Својата доверба за видео записот Стефан и ја довери на продукција “Арт медија” кои низ мистичната атмосфера и љубовниот танц на двајца млади ни ја величат љубовта. Текстот на песната ги содржи сите милозвучни зборови што една вљубена душа може да и ги каже на својата сакана: копнеж, радост, восхит, ветување… со еден збор љубов!
А ветувањето што Стефан Величковски им го даде на своите обожаватели го оствари: им подари песна што ќе допре до срцата на публиката и која ќе ја потпевнува уште долго време…. во името на љубовта.
Проследете ја новата љубовна тема на Стефан Величковски во продолжение: