Денес се полни една година од смртта на пејачот Шабан Шаулиќ кој почина на 17 феверуари 2019 година во сообраќајна несреќа во Германија.
Семејството, пријателите и колегите на 8 јануари одбележаа годишнина од смртта на пејачот.
Меѓутоа, денес кога се полни една година од смртта на пејачот, покрај гробот биле забележени две жени кои седеле и плачеле, но не се задржале премногу, пишува пинк.рс
Како што пишува овој портал, Гоца Шаулиќ во раните утрински часови го посетила гробот и оставила срце од бели хризантеми со порака: „Со љубов, Гоца“.
За потсетување, Шабан зад себе ја остави сопругата Гоца и три деца, ќерките Илда и Санела, како и синот Михајло.