Македонската пејачка Сузана Гавазоза во „90 секунди“ одговараше на интересни и „скокотливи“ прашања, па така таа откри што би била доколку не е пејачка, што најдобро знае да зготви, дали е строга мајка…и многу други.
Во продолжение ви пренесуваме неколку од интересните прашања и одговори на Сузе.
Сузана, не е Сузана без…
„Микрофон“.
Како би се опишала себе во три збора?
„Паметна, убава, згодна“.
Гавазова вели кога не би била пејачка би била танчерка.
Македонската фолкерка исто така откри дека не е злопамтило, но и дека не е строга мајка.
Во која ситуација луѓето ти се тргаат од пат?
„Кога сум гладна и нервозна“.
Гавазова откри дека би сакала да ги посети Малдивите, а на прашањето што би понела на пуст остров, таа вели:
„Очила, крема за сончање и чешел“.
„Нудистичка плажа: „да или не“?
„Да“ одговори Сузана.
Инаку, фолкерката често знае на социјалните мрежи да објави провоактивни и разголени фотографии во кои ги истакнува своите атрибути и облини.
Па дали секси пејачката ќе посети некоја нудистичка плажа, или пак можеби посетила не знаеме, но едно е сигурно: Сузе колку е постара толку е поубава.
Во продолжение го погледнете го видеото „90 секунди“ со Гавазова.