Елена Ристеска деновиве одлучи да направи промена кога станува збор за својот физички изглед, па така посети едно фризерско студио и се препушти во рацете на познати професионалци и ја промени бојата на косата.
Имено, пејачката која е позната по својата долга костенлива коса одлучи да го смени имиџот и да стане русокоса.

Таа во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од нејзиниот нов изглед, а веруваме дека новата Елена им се допаднала на фановите.
Вообичаено се вели дека кога жената ја менува својата фризура е затоа што сака промена во животот, а дали тоа е така во случајот со Ристеска не знаеме.
Како ви се допаѓа Ристеска како русокоса?

За потсетување, Елена од неодамна редовно оди во тератана, па се грижи и за својата витка линија и се повеќе време посветува на здравиот начин на живот.