Според судијата, познатата пејачка Гоца Божиновска наводно е одговорна за нерегистрирање на живеалиштето на лицата пронајдени во нејзиниот стан, за неплаќање данок на приходите од наемнина, како и за не склучување договори со лица пронајдени на лице место, пишува Еспресо.рс!
Како што стои во одлуката на надлежниот суд, пејачката прекршила голем број правни работи, како што се не регистрирање на живеалиштето на некое лице во полициската станица, неплаќање данок на приходите од наемнини на имотот, и не склучување договори со лица пронајдени на лице место.
Акцијата за апсење на мигрантите беше спроведена во септември 2019 година, кога јавноста беше известена дека се пронајдени 45 непознати лица во два стана, кои незаконски престојуваат таму.Тогаш беше објавено дека еден од становите и припаѓал на Божиновска.
Гоца ја дала својата изјава пред судијата кратко време откако мигрантите беа уапсени. Таа тогаш рекла дека немала поим оти тие престојуваат во нејзиниот стан, туку само дека го изнајмила станот на некој маж и претпоставува дека тој го преизнајмил на мигрантите. Сепак, таа не го посочи јавно неговото име. Со оглед на тоа дека повеќе од 20 лица останале да живеат во нејзиниот стан подолг временски период непријавени, и дека не се плаќало данок што изнесувал најмалку илјада евра месечно, било решено Гоца да плати 200.000 динари.
Пејачката била убедена дека ќе помине без парична казна бидејќи во целата приказна таа всушност била жртва, но, кога вчера ја запрашаа новинарите за коментар за пресудата, таа зачудено возвратила:„Што зборувате? Нема тоа никаква врска со мене“!