Актерката Џенифер Анистон го прослави својот 51 роденден, а по тој повод организираше гала забава за пријателите и колегите, а многумина очекуваа дека можеби ќе се појави и Бред Пит кој беше на роденденот претходната година.
Имено, неодамна Џенифер и Анистон неодамнаа се сретнаа на доделувањето на „Златен глобус“, па оттогаш започнаа шпекулациите дека меѓу нив се уште има емоции.
Меѓутоа, Бред не дојде на роденденот на Анистон, а таа го прослави заедно со своите пријатели.
Џен се облече во елегантно издание односно црно сако во комбинација со панталони и чизми, а на прославата се појави прва.
Веднаш по Џенифер, на прославата дојде нејзината најдобра пријателка Кортни Кокс.
Меѓутоа, прославата за роденденот на Анистон падна во сенка бидејќи странските медиуми се уште пишуваат за смирувањето, односно наводно дека Бред и Џенифер се сретнале на забавата по доделување на Оскарите.
„Прво му честиташе за Оскарот, па кратко разговараа за да не привлечат внимание, а потоа секој си отиде на своја страна“ изјави еден од присутните на забавата.
Пријател на Бред тврди дека парот ја обновил врската.
„Ја обновија романсата и не сум ги видел толку среќни со години. Мислам дека таа никогаш не престана да го сака“ вели пријателот на Бред.
Медиумите исто така пишуваа дека наводно парот планира повторно да застане пред олтар.