Згодна, шармантана, убава, професионална се само некои од епитетите кои може да се дадат на македонската водителка Марјана Станојковска.
Марјана освен што имаме прилика да ја гледаме како водителка на „Лото“, може да ја видиме во разни други кампањи каде што промовира одредени брендови, производи, аксесоари и слично.
Па, така, девојчето на „Лото“ деновиве на својот „Инстаграм“ објави видео на кое носи венчаница, но не својата, туку по којзнае кој пат облече венчаница за да промовира еден настан.
Имено, станува збор за „Саемот на веначници“ кој ќе се одржи од 21 до 23 февруари во еден хотел во Скопје, а Станојковска ќе биде една до учесничките.
Токму по тој повод, Марјана повторно облече невистински фустан и ги покани нејзините следбеници да дојдат на Саемот. Освен тоа таа ги покани своите фанови да учествуваат во играта која ја сподели на социјалните мрежи, па можеби токму некоја од нив ќе биде добитничката на венчаница.
Ова не е првпат како Станојковска се облекува во бело, односно венчаница, но никако да ја облече онаа вистинската, венчаницата за својата свадба на која ќе го каже судбоносното „да“.
Дали можеби овој пат ќе ја фати „мајата“, па Станојковска оваа година конечно ќе стапне на лудиот камен останува да покаже нашиот најдобар сојузник – времето.
За потсетување, Марјана е повеќе годишна врска со поранешниот македонски кошаркар Пеце Наумовски. Дали тој ќе биде оној кој ќе освои како седумка на лото и ќе ја однесе Марјана пред олтар останува да видиме.
Како и да е, Марјана изгледа божанствено во венчаница. Но, и по 100 пробани веначаници, време е да ја облече и својата.