Радио Милева

Елена Ристеска покажа како се поти во теретана, а првиот коментар го доби токму од него

Елена Ристеска покажа како се поти во теретана, а првиот коментар го доби токму од него

Спортската активност, независно во каква сме форма, треба да биде наше секојдневие, а посебно се подготвуваме да ги „стегнеме“ мускулите пред летниот период кога треба да се соблече во бикини и да ги покажеме мускулите и згодното тело.

Пејачката Елена Ристеска неколкупати има изјавено дека лесно може да ги покачи килограмите, па затоа мора да внимава и да биде физички поактивна.

Имено, Ристеска до пред некое време пракитикуваше и вежбаше јога, а според многумина мотивациски говорници јогата помага за опуштење на телото и духот.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-risteska-se-obide-da-napravi-nova-poza-pa-vednash-dobi-komentar-od-karolina-gocheva/

Меѓутоа, од неодамна пејачката се врати во тератана и започна активно да вежба.

фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска_ера

Ристеска не се штедеше на социјалните мрежи да објави неколку фотографии од тератана, а можеби помислила дека на тој начин ќе ги мотивира фановите да ја подготватат опремата и да почнаат со вежбање,

фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска

Изгледа, Еленче секој ден има време да оди во тератана, па така во описот на последната фотографија напиша:

„ Помеѓу сите обврски, зар не можете да најдете 1час за вежбање од вкупно 24 часа“.

фото: принтскрин/инстаграм/еленаристеска

Објавата за краток период достигна повеќе од 2 000 лајкови, но Дарко Спејко прв и остави коментар со симболче на мускули, а добро е познато дека тој исто така е физички активен и често посетува сали за вежбање.

фото: принтскрин/инстаграм

Освен од Спејко, Елена доби и неколку коментари од нејзините следбеници кои потенцираа дека е во право, но и поделија комплименти на Елена дека е ослабена.

To top