Мегафон На 25-ти февруари:

Раде Шербеџија на ексклузивен концерт во Скопје

Раде Шербеџија на ексклузивен концерт во Скопје

Убедливо најголемиот боем од балканските простори, Раде Шербеџија ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје, на 25-ти февруари.

За да задоволството биде уште поголемо, концертот ќе биде во навистина незаменливиот амбиент на Македонската филхармонија.

Раде Шербеџија овој пат во Скопје доаѓа со проектот „Ти би хтјела пјесмом да ти кажем“, а ќе настапи и со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес“,  „Барбара“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и др.


Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.

Влезниците за концертот на Шербеџија се пуштени во продажба  како и ограничен број на ВИП влезници и истите се достапни за купување во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн.

Харизматичниот Раде доаѓа во Скопје – настан што дефинитивно не се пропушта!

ВАЖНО: Се одржува само еден ексклузивен концерт!

To top