Ана Николиќ веќе неколку месеци ужива во љубовна врска со црногорскиот бизнисмен, а сега медиумите пишуваат дека наводно и нејзиниот поранешен сопруг. Стефан Ѓуришиќ Раста има нова девојка.
Наводно, Раста е во врска со Лена Чолак, учесничка од „Ѕвездите на Гранд“, пишува ало.рс
„Она е дел од тимот на продуцентската куќа каде што Раста беше член, па често се сретнуваа и настапуваа заедно. Нејзините родители нема да ја подржат нејзината врска бидејќи за Раста имаат слушнато само лоши зборови, но ни Раста не сака да се експонира“ вели извор близок на парот и наведува дека тие ја кријат врската.
По тој повод се огласи и Лена.
„Има некои поклопувања, но не сакам да го коментирам својот приватен живот“, изјави Лена за ало.рс, додека пак Раста се уште не ги коментираше овие пишувања.
За потсетување, Ана и Раста од бракот заедно ја имаат ќерката Тара.